Технологија

Ако имате iPhone, има една работа што апсолутно не смеете да ја правите додека ја полните батеријата за да не си ја гребете главата потоа.

Најлошото нешто што и го правиме на нашата батерија е – да ја полниме до 100%.

Сите ние барем еднаш сме го почувствувале тој момент – купувате нов мобилен телефон, се работи совршено, но по година-две батеријата почнува да „умира“ побрзо од било кога. Ако ова ви звучи познато, не сте сами. А причината за тоа? Веројатно погрешно го полните.

Евтини полначи? Подобро да не ризикувате

Прво, заборавете на евтините копии од полнач. Apple со години предупредува дека користењето неоригинални полначи може да биде опасно – не само за батеријата, туку и за вашиот живот. Буквално.

„Полнењето со несертифицирани адаптери може да претставува ризик од повреда или смрт“, се вели во упатствата на Apple. Затоа, ако не сакате да ризикувате пожар во стан, држете се до оригиналните или сертифицираните полначи.

Сепак, тоа не е најголемиот проблем. Најлошото нешто што и го правиме на нашата батерија е – да ја полниме до 100%.

Не полнете целосно

Да, добро прочитавте. Иако сите сакаме да ја гледаме зелената икона за полна батерија, тоа е всушност најлошото нешто што можете да го направите за долговечноста на вашиот телефон. Кога батеријата ќе достигне 100%, таа влегува во состојба на стрес, што го забрзува нејзиното трошење и го намалува капацитетот.

Идеално би било да се постави лимитот на 95%. Apple веќе го предвиде овој проблем, па поновите модели на iPhone имаат вградена опција „Optimized Battery Charging“. Оваа опција користи алгоритам за да ги анализира вашите навики за полнење и го спречува полнењето над 80% во одредени ситуации, со што се намалува трошењето на батеријата.

Ако имате iPhone 15 или понов, можете да поставите сопствено ограничување за полнење. iOS дури и ќе ви препорача оптимален процент, а често ќе биде токму тој 95%. Затоа, ако сакате вашата батерија да трае што е можно подолго, следниот пат кога ќе го приклучите телефонот, не го полните целосно. Вашиот iPhone (и вашиот нервен систем) ќе ви се заблагодарат.