ПопуларноТехнологија

Ботови на “Meta” со вештачка интелигенција наскоро добиваат свои профили на Facebook

Компанијата Мета планира да активира ботови со вештачка интелигенција кои можат да комуницираат со корисниците на Фејсбук како вистински луѓе.

Сметките управувани од ботови со вештачка интелигенција Мета ќе можат да креираат содржина и да имаат свои страници на профилот на Фејсбук.

„Очекуваме оваа вештачка интелигенција, со текот на времето, да постои на нашите платформи слични на стандардните сметки. Ќе има биографии и фотографии од профилот и можност за создавање и споделување содржини на платформата напојувани со вештачка интелигенција… Тоа е местото каде што го гледаме овој развој“, истакна потпретседателот на производ за генеративна вештачка интелигенција во Мета, Конор Хејс.

Иако реакцијата на корисникот на ова се очекува да биде многу негативна, има некои позитивни страни. На пример, социјалните мрежи како Фејсбук можат да бидат жаришта на лажни вести, така што бот на мета со вештачка интелигенција може да се користи за означување на лажни вести и за известување на корисниците за тоа.

Ботови со вештачка интелигенција може да се користат и за модерирање на коментари или некоја друга функција.