Вештачката интелигенција на Гугл, ‘Google Gemini’ има потешкотии со прикажување на бели луѓе
Кога е во прашање технолошка конкуренција, Гугл е обично тој кој е пред сите, но за жал кога е во прашање вештачка интелигенција, имаат уште доста за работење.
Неодамна Гугл ја претстави својата верзија на вештачка интелигенција за генерирање слики наречено “Google Gemini”. За тие кој што не се запознаени како работат овие технологии, едноставно и пишуваш текст и од тој текст се генерира слика.
Навидум делува доста едноставно, но Google Gemini има еден клучен недостаток: Не умее да црта белци!
Корисниците на социјалните мрежи беа ултрабрзи да го приметат ова и примерите од цртежите се доста интересни!
Еве што прикажува кога ќе се побараат основачите на Америка и викинзи.
Тука пребарувачот бара физичари од 17-тиот век и луѓе од Шкотска во 1820 година.
Следниот пребарувач едноставно бара луѓе од Британија..
Следно пребарување е германски војник од 1943 година.
Интересно е тоа што кога специфично ке се побара бел човек, одговорот што го дава Gemini е дека не смее да дава такви слики поради расизам и дискриминација