ПопуларноТехнологија

(ВИДЕО) 22 милиони луѓе ја гледале оваа снимка со отворени усти од шок: Ставил камера во дупка на Антарктикот и покажа …

Видеото го сподели докторандот Остин Картер, познат по своите објави од најјужниот континент.

Снимката, која досега собра скоро 22 милиони прегледи и има повеќе од 2,6 милиони допаѓања, прикажува фасцинантно истражување на ледените длабочини на Антарктикот.

Вметнал камера во дупка длабока 93 метри

Видеото го сподели Остин Картер, докторанд познат по своите научни објави од Антарктикот. Картер поминал 75 дена на континентот, кој е еден од најмалку истражените делови на Земјата. Секое ново откритие од оваа област предизвикува голем интерес, како кај научниците, така и кај јавноста.

Во видеото, Картер покажува дупка длабока 93 метри, која самиот ја издлабил во мразот на Антарктикот, во регионот Алан Хилс – едно од ретките подрачја без мраз, каде што е пронајден и најстариот мраз на Земјата. Но, целта на научниците е да копаат уште подлабоко за да дојдат до уште постари слоеви на мраз и да добијат подобар увид во климатската историја на нашата планета.

Што може да се крие во тие ледени длабочини?

Можно е да се најдат фосили од непознати видови, ретки минерали, па дури и потенцијално опасни бактерии кои со илјадници години биле заробени во мразот. Со цел да откријат барем дел од тајните, Картер и неговиот тим од Центарот за истражување на античкиот мраз (COLDEX) одлучиле на наједноставен начин – спуштајќи камера во дупката, пренесува Index.hr.

„Прилично застрашувачки“

Снимката прикажува како камерата се забрзува додека гравитацијата ја повлекува надолу низ ледениот тунел, создавајќи впечаток на патување низ необична ледена цевка. На самото дно, камерата налетува на снежна подлога, под која, според истражувачите, се наоѓа карпа – најдлабоката точка до која стигнале со дупчењето.

Реакциите на корисниците на TikTok биле различни – од воодушевување до чувство на непријатност. „Мраз стар 2,7 милиони години? Изгледа дека е одлично сочуван. Треба да се послужи со чаша виски старо 50 години“, напишал еден корисник. Друг признал: „Штом камерата влезе внатре, добив напад на паника и морав да се потсетам дека тоа е само видео.“ Трет додал: „Искрено, ова ми беше прилично застрашувачко.“

Поглед во минатото

Научниците од COLDEX и слични истражувачки тимови анализираат примероци од длабокиот мраз за подобро разбирање на климатското минато на Земјата. Со проучување на античките ледени слоеви, можат да добијат клучни податоци за климатските промени и условите на нашата планета пред милиони години.

Откривањето на вакви слоеви на мраз им дава можност на научниците да ѕирнат во минатото и можеби да најдат одговори на некои од најважните прашања за развојот на Земјината клима. Дали идните истражувања ќе откријат уште постари и непознати слоеви, останува да видиме.