Технологија

Германски стартап ги замрзнува мртвите тела за да ги оживее во иднина за 200.000 долари

Првиот европски старт-ап за криопрезервација, “Tomorrow Bio”, нуди да го замрзне вашето тело во течен азот, надевајќи се дека идната технологија може да ве оживее.

И покрај цената од 220.000 долари (или 81.000 долари за зачувување на мозокот), над 650 клиенти веќе се пријавиле. Основана во 2020 година, германската компанија досега криопрезервираше шест лица и пет домашни миленици, со планови да се прошири во САД до 2025 година.

Нивниот процес започнува веднаш по смртта, со специјализиран тим за брза помош што го лади телото до -80°C и ги заменува телесните течности со криопротектори.

Телото потоа се чува долгорочно во швајцарски објект на -196°C. Tomorrow Bio нуди надеж за продолжување на животот, со можност еден ден да ги оживее зачуваните тела кога науката дозволува.

Дали би платиле 220.000 долари за да се вратите од мртвите?