Гејтс ги откри своите 4 најголеми стравови: Кога бил млад, имал само една грижа, а сега… Добро прочитајте!
Верува дека помладите генерации ќе преземат мерки
Коосновачот на Мајкрософт и милијардерот Бил Гејтс некогаш најмногу се плашел од нуклеарна војна, но денес неговите стравови се прошириле.
„Постојат, знаете, околу четири или пет работи што се навистина застрашувачки, а единствената околу која многу се грижев додека бев млад беше нуклеарната војна“, изјави Гејтс во интервју со Патрик Колисон, кое беше објавено на Јутјуб, пренесува Зимо.

Современите закани според Гејтс
Како претседател на Фондацијата Гејтс, тој опиша кои се најголемите современи закани што го загрижуваат:
„Денес, на списокот би додал: климатските промени, биотероризмот/пандемиите и задржувањето контрола врз вештачката интелигенција во некаква форма. Сега имаме четири главни точки на загриженост.“
Тој предупреди и на сѐ поголемата поделба во општеството, нагласувајќи дека младите генерации треба сериозно да се плашат од овие појави.
Вештачката интелигенција – закана или можност?
И покрај загриженоста околу вештачката интелигенција, Гејтс смета дека таа може да биде корисна:
„Имаме недостаток од интелигенција… Вештачката интелигенција со текот на времето – а луѓето можат да дебатираат за точниот временски период – ќе ја направи интелигенцијата практично бесплатна.“

Оптимизам за иднината
Иако неговите стравови еволуирале, Гејтс останува оптимистичен:
„Ако успееме да ги решиме некои од овие големи проблеми, работите ќе бидат многу подобри. Алцхајмерова болест, дебелина… ќе имаме лек за ХИВ, ќе ја елиминираме детската парализа, сипаниците, маларијата. Денешната брзина на иновации е поголема од кога било.“
Помладите генерации ќе преземат мерки
Гејтс е убеден дека младите ќе преземат потребни чекори за да ги решат овие предизвици:
„Тие всушност, до одреден степен, ќе ја преувеличуваат веројатноста и можеби влијанието на некои од овие проблеми за да ги поттикнат луѓето да се осигураат дека нема да се случат.“