Данските археолози открија педесет скелети од ерата на Викинзите
Дански археолози пронајдоа 50 исклучително добро сочувани скелети за време на ископувањата на местото на големата гробница од викиншкото време.
Ова откритие, како што се очекуваше, ќе помогне да се дознае повеќе за животот на овој нордиски народ познат по своите поморски кампањи во средниот век, објави денеска Ројтерс.
Скелетите, пронајдени во близина на третиот по големина дански град Одензе, останаа недопрени благодарение на високиот водостој и поволните услови на почвата кои го спречија нивното распаѓање, објасни лидерот на тимот археолози од локалниот градски музеј, Мајкл Боре Лунде.
Тој нагласи дека е неверојатно колку добро се сочувани скелетите, што отвора цела низа можности за нови откритија и сознанија.
Ископувањата кои започнаа пред шест месеци открија и ретки артефакти како што се ножеви, стаклени монисти и брошеви кои датираат помеѓу 850 и 970 година од нашата ера.
Според Лунде, повеќето од предметите пронајдени во гробовите укажуваат дека повеќето од луѓето закопани овде припаѓале на мала заедница на фармери, иако останки на женско лице кое имало повисок социјален статус и било погребано со нож украсен со сребро.
Повеќето скелети беа извадени од гробовите и спакувани во картонски кутии во музејот, за да се исушат пред археолозите да продолжат со подетални анализи и нивно финално чистење.