Договорот за судбината на TikTok во САД сè уште е „на маса“
„Имаме договор со некои многу богати компании кои би завршиле одлична работа со тоа, но мора да почекаме и да видиме што ќе се случи со Кина“, рече Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека потенцијалниот договор за наоѓање американски купувач за TikTok сè уште е „на маса“, неколку дена откако договорот беше „ставен во мирување“.

„Имаме договор со некои многу добри луѓе, некои многу богати компании кои би завршиле одлична работа со тоа, но мора да почекаме и да видиме што ќе се случи со Кина“, им рече Трамп на новинарите.
Трамп неодамна објави дека ќе го продолжи рокот за TikTok да најде американски купувач или ќе се соочи со забрана во Соединетите држави, давајќи ѝ на кинеската компанија ByteDance дополнителни 75 дена да постигне договор, пренесува Танјуг.

Компанијата потврди дека се во тек разговори со американската администрација за плановите TikTok да продолжи да работи во САД.