Заборавете на WhatsApp: Маск воведува приватни пораки без телефонски број!
Новата комуникациска услуга XChat на X платформата носи шифрирање слично на Bitcoin, автоматско бришење пораки и поддршка за гласовни повици.
Илон Маск повторно го проширува технолошкиот универзум на неговата платформа X, порано Твитер. На неговата сметка, тој лично го најави лансирањето на нова функција за пораки – XChat, вградена директно во платформата X.
Маск истакнува дека новата услуга користи напредна заштита на пораки за шифрирање слична на онаа што ги штити трансакциите со Биткоин, како и целосно нова инфраструктура базирана на архитектурата “Rust”.

XChat работи без потреба од телефонски број и е достапен на сите платформи. Покрај стандардните пораки, поддржува автоматско бришење пораки по читање, испраќање датотеки од сите формати, како и гласовни и видео повици.
Со овој потег, Маск очигледно е насочен кон пазар кој сака поголема приватност и контрола на комуникацијата. Целиот нов XChat се појавува со шифрирање, пораки што исчезнуваат и можност за испраќање секаков вид датотека. Исто така, аудио/видео повици.
Претходната недела, X платформата тивко стави крај на експерименталната функција „шифрирани пораки“ за одредени корисници, што во тоа време беше толкувано како подготовка за XChat. Сега тоа е потврдено.
Сепак, според TechCrunch, XChat моментално не е достапен за пошироката јавност. Во сегашната фаза, функцијата е ограничена на бета тестери и може да се користи само со претплата на платена сметка. Сè уште не е познато кога XChat ќе биде отворен за сите корисници.