Им ги одзела “ipad-ите” на ќерките, па била осомничена за кражба
Англичанката Аманда Браун (50), мајка на две ќерки, била задржана седум и пол часа во полициски притвор бидејќи им ги одзела таблетите на ќерките со цел да ги натера да се посветат на домашните задачи. Била уапсена под сомнение за кражба, објави британскиот „Експрес“.
Весникот наведува дека полицијата подоцна признала дека Браун имала право да ги одземе “ipad-ите” од своите деца, но не ѝ упатила никакво извинување.

Полицијата соопштила дека кражбата на “ipad-ите” ја пријавил маж на возраст од 40 години, а жената била уапсена затоа што не соработувала со полицијата – односно затоа што негирала дека уредите се кај неа, што довело до сомнение за кражба.

Браун, која работи како професорка по историја, вели дека апсењето, кое се случило минатиот месец, ѝ предизвикало траума. Полицијата од округот Сари ја уапсила професорката по пријава дека украла два ајпади, кои потоа биле лоцирани во куќата на нејзината мајка во Кобам, каде што Аманда навратиле на кафе. Полицијата го затворила случајот веќе следниот ден.