ПопуларноТехнологија

Компанија за воздушно инженерство направи капсула која се прикачува на авион за 360 степени глетка

Најновиот напредок во воздушниот сообраќај исклучиво за супербогатите покажува дека дупката меѓу богатите и сиромашните станува се поголема.

Windspeed Technologies, која се смета себеси за „премна компанија за услуги за воздушно инженерство“, објави детали за системот наречен “SkyDeck” кој им овозможува на патниците да го набљудуваат погледот во текот на летот од врвот на авионот.

Системот располага со полунадворешна стаклена „солза“, или подлога, испакнатaи од врвот на авионот, каде што патниците можат да седат.

Компанијата вели дека „ќе обезбеди возбудлив поглед на надворешната средина на авионот додека е во лет“ и ќе биде достапна наскоро.

Претседателот и извршен директор на Windspeed Technologies, Шакил Хусеин, го опишува SkyDeck како „следна возбудлива искуствена забава за време на летот за сопствениците на ВИП авиони и авионската индустрија“.

Постојат два различни дизајни, едниот вклучува лифт за превоз на патникот во настрешницата, а другиот инсталира сет од скали кои се качуваат во капсулата на покривот на авионот.