Технологија

Куче-Робот без глава ќе патролира на аеродромот во Алјаска за да спречи удари од птици

Роботот – наречен Аурора – може да се качува по карпи, да се качува по скали и да прави акробатски движења додека трепка зелени светла. Овие тактики ќе се користат за да се исплаши дивината околу аеродромот

Одделот за транспорт и јавни обекти на Алјаска соопшти дека ќе биде сместен на аеродромот Фербенкс за „да ја подобри и зголеми безбедноста и работењето“.

Тие „акортобатски“ вештини ќе бидат употребени за време на сезоната на птици преселници кога Аурора ќе имитира движења слични на предатори за да ги спречи птиците и другите диви животни да се населат во близина на полињата на авионите.

Планот на аеродромот е Аурора да патролира на отворен простор во близина на пистата секој час во обид да спречи штетни средби меѓу авионите и дивиот свет.

Може да се маскира како којот или лисица со менување на заменливите панели.

Минатата година имаше 92 удари на животни во близина на аеродромите низ Алјаска, вклучително и 10 во Фербенкс.

Повеќето удари не резултираа со никакво оштетување на авионот, но од Аеродромот рекоа дека штетите може да бидат скапи и опасни во редок случај кога птица е вшмукувана во моторот, што потенцијално ќе предизвика несреќа.