Научник тврди дека има доказ дека сите сме заробени во црна дупка и една реченица предизвика морници кај сите!
Еден истражувач дошол до интригантно откритие додека ги анализирал податоците собрани од вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА.
Додека ги проучувал сликите од програмата “Advanced Deep Space Survey (JADES)”, вонреден професор по компјутерски науки на Универзитетот во Канзас, Лиор Шамир, открил дека од анализираните 263 галаксии, дури две третини ротираат во насока на стрелките на часовникот, додека само една третина ротираат спротивно од стрелките на часовникот. Овие резултати беа објавени во списанието “Monthly Notices of the Royal Astronomical Society”.
Овој однос го оспорува долгогодишното верување дека во секој универзум бројот на галаксии што ротираат во една насока треба приближно да биде еднаков на бројот на галаксии што ротираат во спротивна насока.
„Сè уште не е јасно што ја предизвикува оваа појава, но има две можни објаснувања“, рече Шамир. „Една можност е дека универзумот се родил да се врти. Таа теорија се совпаѓа со некои постоечки космолошки модели, како што е теоријата на црната дупка-како космос, која тврди дека целиот универзум е всушност внатрешноста на една црна дупка“.

Овие наоди дополнително го поддржуваат т.н Космологија на Шварцшилд, руска теорија слична на бабушка која сугерира дека нашата галаксија е во црна дупка – која, пак, е во друг универзум.
Според “Space.com”, ако оваа теорија се потврди, тоа би значело дека многу од црните дупки што ги набљудуваме се всушност “worm hole” – познати и како мостови Ајнштајн-Розен – кои водат до други универзуми. Тие универзуми остануваат невидливи за нас, бидејќи црните дупки ја заробуваат светлината.
„Наједноставното објаснување за ротирачкиот универзум е дека е роден во ротирачка црна дупка“, вели д-р Никодем Поплавски, теоретски физичар од Универзитетот во Њу Хевен, кој не бил вклучен во истражувањето, но е познат по тоа што ја застапува идејата дека сме опкружени со „врати“ кон другите универзуми. „Оската на ротација на матичната црна дупка може да објасни зошто галаксиите имаат асиметрична дистрибуција на ротација“.
Поплавски додава: „Ако телескопот Џејмс Веб потврди дека галаксиите имаат претпочитана насока на ротација, тој силно би можел да ја поддржи теоријата дека црните дупки раѓаат нови универзуми. Би бил воодушевен доколку овие резултати се потврдат“.

Сепак, постои уште едно можно објаснување – дека самата ротација на Млечниот Пат, нашата галаксија, влијае на тоа како гледаме на далечните галаксии.
Земјата се движи околу центарот на Млечниот Пат, а тоа може да влијае на светлината што ја детектираме. Галаксиите кои ротираат спротивно на нашата насока на движење може да изгледаат посветли, создавајќи изглед на нерамнотежа во податоците од JADES, предлага Шамир.
Со други зборови, брзината на ротација на нашата галаксија може да ги искривува астрономските мерења, иако досега се сметаше дека овој ефект е занемарлив.
„Ако тоа се покаже дека е точно, ќе мораме да ги рекалибрираме мерењата на растојанието во длабоката вселена“, истакнува Шамир.
„Новата калибрација може да објасни и некои други нерешени космолошки мистерии, како што се различните проценки за брзината на ширење на универзумот или набљудувањето дека некои галаксии, според претходните мерења, се постари од самиот универзум.