ПопуларноТехнологија

Научници открија масивна метална топка во јадрото на Земјата

Времињата каде што верувавме дека земјината кора е составена од 4 дела е минато откако научници открија дека во центарот на земјата има масивна метална топка со дијаметар од 400 километри.

Двајца научници од Австралија се последните кои предизвикаа збунка од академски вид преку нивното изненадувачко ново откритие. Освен земјината кора, литосфера, обвивка на земјиното јадро и земјиното јадро, постои уште една обвивка која до сега била непозната.

Сеизмолозите од Австралискиот национален универзитет објавија, како што велат, докази за огромна цврста метална топка на средината на планетата.

Тан-Сон Фам и Хрвоје Ткалчич, парот зад делото, велат дека металниот предмет може да се најде во внатрешното јадро и има состав од железо-никел, а дуото го означува како „највнатрешно внатрешно јадро“.

Откриен е преку проучување на земјотресите и мерење на нивните сеизмички бранови додека одекнувале низ целата планета, што за почеток звучи прилично надреално.

Ударните бранови се мерат според времето кое им е потребно да патуваат низ Земјата, при што секој слој на планетата има различна густина.

Постои верување дека највнатрешното внатрешно јадро всушност може да биде различно во неговите својства кога станува збор за внатрешното и надворешното јадро.

Фам изјави за Вашингтон пост: „Јасно е дека највнатрешното внатрешно јадро има нешто различно од надворешниот слој.

Внатрешното јадро го проучуваат научниците поради тоа колку е важно за самиот живот на Земјата, обезбедувајќи ѝ на планетата магнетно поле што го штити самиот живот од штетното зрачење во вселената.