Најбараните апликации во 2024 година: Првото место сигурно нема да ве изненади
YouTube и понатаму е на врвот на листата на апликации кои корисниците ги внесувале во пребарувачот Google во текот на претходната година, објави порталот World Statistic.
На второ место е WhatsApp, на трето е Facebook, а во првите пет се уште ChatGPT и Gmail.
Netflix, Canva, Twitter и Roblox исто така се во топ 10 според пребарувањето на Google.

Интересно е што „Х“ (новото име за твитер по промената на сопственикот) не се наоѓа во најбројните пребарувања, а Chat GPT се наоѓа на две места, со празно место и без празно место во името.
