ПопуларноТехнологија

Ниту Apple ниту Samsung: Ова е најтенкиот телефон на светот

За време на мобилниот конгрес во Барселона, “Tecno” го претстави најтенкиот паметен телефон во светот – Spark Slim.

Концептниот телефон “Tecno Spark Slim” беше прикажан за време на настанот MWC 2025 во Барселона. Tecno го промовира овој уред како најтенкиот телефон на светот, а неговата дебелина е само 5,75 милиметри.

Со оглед на тоа дека се работи за концепт телефон, нема информации дали и кога ќе го видиме Tecno Spark Slim официјално на пазарот и дали ќе биде во оваа форма.

https://twitter.com/tecnomobile/status/1895398536558121221

Во секој случај, Tecno Spark Slim користи 6,78″ 3D Curved AMOLED дисплеј (1224p) со стапка на освежување од 144Hz. Максималната осветленост на екранот е 4500 nits. Spark Slim има две камери од 50MP на задната страна, додека има предна селфи камера од 13MP.

Батеријата, со капацитет од 5.200 mAh, има дебелина од само 4,04 mm и поддржува брзо полнење од 45 W. Tecno не откри кој чип го напојува телефонот, само посочи дека има octa-core CPU.