Патник низ времето тврди дека дошол од 6000та година, а носи и слика како доказ
Еден човек тврди дека бил дел од тајна програма за испраќање луѓе напред во времето во 1990-тите, при што „патникот низ времето“ открил како е да се живее во 6000 година
Објаснувајќи каков е животот за 4000 години, „патникот низ времето“ вели дека напредокот во медицината, владата и новата технологија ќе го направат модерниот живот да изгледа „примитивен“.
Самоназначениот “свиркач”, на кој гласот му е искривен, исто така тврди дека човештвото живее во мир под добронамерното владеење на “господар на вештачката интелигенција”.
Бизарното видео, поставено на “ApexTV”, канал специјализиран за мистерии и паранормално случувања, покажува како човекот се среќава со репортер на непозната локација за да открие што знае за „тајните технологии“ и што носи иднината за човештвото во 6000 година.
За време на клипот, тој тврди дека има слика од неименуван град за да докаже дека патувањето низ времето е реално.
Сепак, сликата е крајно заматена, иако мажот вели дека ова е нормално кога се патува низ времето. „Во процесот на патување низ времето, сликите имаат тенденција да се искривуваат, како и многу други работи“, вели човекот. Тој додава: „Знам дека на многумина од вас ќе ви биде многу тешко да се поверува мојата приказна и не ве обвинувам и ако гледав како некој ги тврди истите работи, јас самиот најверојатно немаше да им верувам.”
„Не ми е намерата да измамам никого, едноставно сакам да пренесам порака за иднината на човештвото и каде се движи светот. Видов како се промени светот и технологиите што се појавија, ќе бевте запрепастени да ги знаевте технологиите што постојат во 6000 година“.
Пред да заврши видеото, човекот тврди дека идната технологија ќе им овозможи на луѓето да се намалуваат, така што просторот нема да биде проблем, како што се гледа во филмот “Downsizing”, со Мет Дејмон во главната улога. Тој исто така тврди дека патувањето низ времето ќе стане општо познато до 2028 година, што значи дека не треба долго да чекаме за да дознаеме дали ја кажува вистината или не.
Многу скептично беа прифатени овие вести од Јавноста на социланите мрежи, особено за алиштата на човекот кој кажуваат дека “Воопшто не се футуристични” и марките на облека кои ги носи се од денешно време.