Технологија

Пробивот на “астрокомбот” може да помогне во откривањето на планетите слични на Земјата

Нови планети слични на Земјата наскоро би можеле да бидат откриени откако научниците направија технолошки пробив: астрокомб, што во буквален превод значи “Вселенски чешел”

Физичарите развија астрокомб кој може да ја анализира сино-зелената светлина што ја емитуваат ѕвездите.

Астрокомбите можат да детектираат мали варијации во светлината на ѕвездата создадена од орбитирачки егзопланети (оние надвор од нашиот Сончев систем) – потенцијално откривајќи една слична на Земјата.

Тие главно се ограничени на зелено-црвениот дел од светлосниот спектар, но новиот систем нуди можност да се откријат уште повеќе вселенски тајни.

Пробивот беше направен од физичарите од Универзитетот Хериот-Ват во Единбург и Универзитетот Кембриџ.

„Ова е навистина возбудлив развој што ќе ни овозможи да проучуваме помали планети на подолги орбити како никогаш до сега – со цел да ја откриеме првата планета „налик на Земјата“ која орбитира околу ѕвезда слична на сонцето“, рече д-р Саманта Томпсон од Кембриџ.

Професорот од Хериот-Ват Дерик Рид рече дека светлината со пократка бранова должина што новиот систем може да ја испита е „богата со карактеристики на атомска апсорпција од интерес за астрономите“.