Проширувањето на вештачката интелигенција – Инвестирањето во NVIDIA е сигурна добивка?
Во последно време, вештачката интелигенција се повеќе напредува и постигнува значајни резултати со нови иновации. Наративот за достигнувањата на вештачката интелигенција е присутен во јавноста секој ден, а многумина се прашуваат до каде ќе оди светот кога станува збор за новите случувања..
Во таа насока, NVIDIA, една од мултинационалните компании чие поле на дејствување е токму вештачката интелигенција, неодамна бележи исклучителни резултати, а нејзините акции на берзата постојано се во пораст.
NVIDIA е основана во далечната 1993 година, а уште тогаш стана лидер и клучен играч во развојот на најновите технологии за вештачка интелигенција, графика и игри. Графичките единици на NVIDIA се широко користени за задачи со вештачка интелигенција, бидејќи тие се способни да обработуваат големи количини на податоци, што ја прави NVIDIA клучна во истражувањето на вештачката интелигенција.
Со постојаното унапредување на вештачката интелигенција, акциите на оваа компанија постојано се во подем и затоа претставуваат една од најбезбедните инвестиции во наредниот период.
Со своите врвни платформи за вештачка интелигенција, NVIDIA е на чело на истражувањето за вештачка интелигенција и забрзување на примената на машинското учење, а како што NVIDIA продолжува со иновација, нејзиното влијание на глобалните пазари расте.
Инвестициите на NVIDIA во вештачката интелигенција гарантираат дека компанијата ќе остане клучен играч во обликувањето на иднината на технологијата. Технологијата за вештачка интелигенција станува се повеќе и повеќе вградена во секојдневниот живот, а улогата на NVIDIA во оваа трансформација се очекува експоненцијално да расте. Со проширувањето на портфолиото на компанијата, вклучувајќи решенија за автомобилскиот сектор и центрите за податоци, NVIDIA е подготвена да освои поголем дел од растечкиот пазар на вештачка интелигенција, што ја прави атрактивна опција за инвеститорите кои бараат долгорочни можности за раст.
Забележуваме дека, на пример, во 2020 година, цените на акциите на NVIDIA се движеа од околу 5 долари на почетокот до 13 долари на крајот на годината. Сега вредноста на акциите на оваа компанија е околу 144 долари.
Без разлика дали сте нов на берзата, или веќе имате искуство во инвестирање, не е тешко да се заклучи дека моментално најсигурен залог е во компаниите кои се занимаваат со технологии (особено со вештачка интелигенција), а прашање е само колкав ќе биде тој раст во иднина.
Гледајќи ја NVIDIA, таа забележа пораст во последните две недели, со помали осцилации во одредени денови. Сепак, она што многу аналитичари го веруваат е дека во текот на 2025 година оваа компанија ќе бележи раст. Во последната година акциите на оваа компанија пораснаа од 47 на 138 долари. и во овој поглед, акциите на оваа компанија претставуваат една од најбезбедните инвестиции за учесниците на берзата.
Вештачката интелигенција (ВИ) се развива брзо, носејќи иновации кои го менуваат светот каков што го знаеме, а ако барате сигурна инвестиција во технологијата што ја поттикнува оваа револуција, NVIDIA е компанија што не можете да ја игнорирате. Ако размислувате за инвестирање и барате долгорочни можности за раст, сега е време да обрнете внимание на NVIDIA, која се очекува да забележи стабилен и значителен раст во 2025 година. Земајќи ги предвид најновите податоци, предвидувањата на пазарните аналитичари, како и развојот на вештачката интелигенција, со голема сигурност може да се каже дека акциите на оваа компанија се можеби најсигурната инвестиција оваа година.