ПопуларноТехнологија

Русија и Кина се спремаат да градат нуклеарен реактор на месечината!

Кина планира да спушти човек на Месечината до 2030 година, а Русија до 2031 година, двете вселенски агенции размислуваат да го стават реакторот без човечко учество.

Во 2021 година, кинеската и руската вселенска агенција потпишаа заеднички договор за изградба на истражувачка база на Месечината. Во новото соопштение, вселенските агенции изјавија дека се надеваат на тоа дека ќе изградат автоматизиран нуклеарен реактор на површината на Месечината за напојување на Меѓународната истражувачка станица до 2035 година.

„Денес сериозно размислуваме за проект за испорака на Месечината и за монтирање на енергетски реактор таму заедно со нашите кинески партнери некаде помеѓу 2033 и 2035 година“, изјави Јури Борисов, извршен директор на руската вселенска агенција Роскосмос за државниот сајт “Tass“. „Ова е многу сериозен предизвик, треба да се изведе автомоатизирано без присуство на луѓе“.

Борисов продолжи да објаснува дека соларните панели ќе бидат недоволни за напојување на идните човечки населби, иако нуклеарната енергија може.

Кога Месечевата истражувачка станица беше објавена во 2021 година, вселенските агенции рекоа дека ќе биде достапна за меѓународна употреба, односите меѓу Русија и меѓународните соработници во вселената оттогаш станаа малку позамрзнати, поради нападот врз Украина.

За да ја добие лунарната база на Месечината, Русија работи и на товарен вселенски брод со нуклеарен погон.

„Ние навистина работиме на вселенски шлепер“, рече Борисов. „Оваа огромна, киклопска структура која ќе може, благодарение на нуклеарниот реактор и турбините со голема моќ, да транспортира голем товар од една орбита до друга, да собира вселенски отпад и да се вклучи во многу други примени“.

Тој додаде дека вселенската агенција ги решила сите технички проблеми со вселенскиот брод, но сè уште не нашла начин за ладење на нуклеарниот реактор, што е голема и важна задача доколку светот сака да добие база на Месечината до амбициозната цел од 2035 година.