Тежок удар против Илон Маск! X (поранешен Твитер) се соочува со брутални напади
Американскиот милијардер и сопственик на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) Илон Маск објави дека неговата платформа во последните три дена била цел на жестоки сајбер напади, кои според него мора да бидат од државен карактер.
„Очигледно се работи за напад организиран или поддржан од држава. „Вакви координирани и моќни удари ретко се случуваат без учество на државни ресурси“, рече Маск, додавајќи дека, според неговите проценки, веројатно зад ова се крие Велика Британија.
Иако директно не ја именуваше Британија, изјавата на Маск предизвика многу шпекулации и бурни реакции во јавноста, бидејќи тоа може значително да се одрази на дипломатските односи меѓу САД и Велика Британија, како и на бизнисот на компанијата „Х“ (поранешен Твитер).

Но откако тимот на Маск изврши истрага, се дозна дека адресата на напаѓачите всушност потекнува од Украина.
Јавноста бара од Маск да ги покаже доказите за да се види дали навистина нападите се од Украина но дали ќе ги сподели со јавноста останува да видиме.