Тест пациентот на “Neuralink” е во стабилна состојба и може да игра шах користејќи го само мозокот
По долгите тестови на мајмуни, неодамна “Neuralink” го започна својот најголем тест; Чип во човечки мозок!
Во текот на операцијата успешно се внесе чип во мозокот на првиот пациент и според најновите известувања, тој е во одлична здравствена состојба.
Станува збор за пациент кој е парализиран, но како што кажува тој, со помош на чипот, отворени му се многу нови можности!
Како што кажува тој, може да го мрда глувчето со мозокот, и целосно да користи компјутер. Омилена игра му е шах, а првиот ден по операцијата кажа дека останал буден цела ноќ играјќи ја стратегијата “Civilization VI”.
Чипот е сеуште во прерана фаза за да може да се има целосна слика за предностите на истиот. Прашање на време е кога Илон Маск ке почне масовно да ги вградува чиповите во мозоите на хендикепираните личности па со тоа да се види вистинската можност на чип во мозок.

“Neuralink” е единствената компанија што преку метод на операција го вградува чипот. Има и други методи, преку крв, или со дополнителен уред, но тие солуции неможе да се споредат со можностите што ги нуди чипот на “Neuralink”