ПопуларноТехнологија

(ФОТО) Мотоциклите повеќе не возат само по патиштата – сега можат и да летаат

Му го дадоа името Airbike, а изгледа како машина од светот на научната фантастика.

Добра вест за љубителите на брзината: мотоциклите повеќе не се ограничени само на асфалтот – тие сега можат и да летаат! Полскиот стартап Volonaut го претстави својот летечки мотоцикл, дизајниран да крстари низ небото.

Наречен Airbike, овој иновативен уред изгледа како нешто од филм на научна фантастика. На фотографијата може да се види најновото технолошко чудо како лебди над пустина, мирувајќи во воздухот пред повторно да полета.

Изумителот Томаш Патан објаснува дека велосипедот не користи пропелери, туку млазна сила и може да достигне максимална брзина од 200 километри на час. Возилото лесно се движи и низ тесни простори, а вградениот компјутер за летање овозможува автоматско лебдење, што значително го олеснува управувањето за пилотот.

Иако изгледа футуристички, Airbike претставува реален чекор напред кон новата ера на персонален воздушен транспорт.