Амазон ги лансираше првите сателити како конкурент на Starlink
Амазон ја лансираше својата прва серија на интернет сателити во вселената во понеделникот, означувајќи го почетокот на напорите да се натпреварува со сателитската мрежа “Starlink” на Илон Маск.
Ракетата “Atlas V” на “United Launch Alliance” лансираше 27 сателити во орбитата од Кејп Канаверал, Флорида. Сателитите се дел од проектот “Kuiper” на Amazon, кој има за цел да распореди констелација од околу 3.200 сателити во следните неколку години за да обезбеди глобална интернет покриеност.
Лансирањето беше планирано за почетокот на овој месец, но беше одложено поради лошите временски услови.
Основачот на Амазон Џеф Безос ја основа вселенската компанија “Blue Origin”, но тој исто така обезбеди лансирање со други даватели на услуги, вклучувајќи го и конкурентот SpaceX. Вкупно околу десетина лансирања за да се исполнат регулаторните барања. Според својата лиценца за работа, компанијата мора да распореди најмалку 1.600 сателити Kuiper до средината на 2026 година.

Мрежата Starlink на SpaceX веќе оперира со околу 7.000 сателити и доминира на пазарот на сателитски интернет.
Сепак, аналитичарите веруваат дека има простор за конкуренција, бидејќи авиокомпаниите, давателите на телекомуникациски услуги и потрошувачите бараат алтернативи, особено во изолирани и недоволно опслужени региони, каде што распоредувањето на традиционалната инфраструктура е скапо или непрактично.