ПопуларноТехнологија

Apple го менува материјал и дизајнот за iPhone 17, но има финта!

Се очекува оваа година да видиме големи промени во дизајнот на линијата на iPhone.

Според се, како и според протечените информации, iPhone 17 Air како и iPhone 17 Pro и Pro Max ќе донесат малку поинаков дизајн. Стандардниот модел ќе го задржи стариот дизајн, како што засега стојат работите.

Покрај тоа, Apple би можел да го промени материјалот што го користи во производството на четирите нови модели на iPhone, а ќе ги зголеми и брзините на полнење преку кабелот.

Apple iPhone 17 Air ќе го замени актуелниот “Plus” модел во новата генерација. Наместо алуминиумска рамка, треба да користи титаниум, според аналитичарот Џеф Пу.

Титаниумот е потежок и поскап од алуминиумот, но исто така е појак и поиздржлив. Моделот “Air” би требало да биде тенок само 5,5 милиметри, па Apple одлучи да го замени алуминиумот со титаниум за да го направи телефонот поотпорен на виткање.

Што се однесува до останатите модели, iPhone 17, 17 Pro и 17 Pro Max ќе имаат алуминиумски рамки. Тоа е голема промена, имајќи предвид дека претходните модели користеле титаниум (и нерѓосувачки челик пред тоа).

Една од причините за враќањето на Apple кон алуминиумот е тоа што е поеколошки од титаниумот и има помали емисии на јаглерод. Серијата iPhone 17 би можела да биде првата „јаглеродно неутрална“ телефонска линија на Apple.

Што се однесува до другата голема промена на која посочува аналитичарот, сите четири модели на iPhone 17 ќе поддржуваат полнење од 35 W, што е зголемување од 30 W за серијата iPhone 16.