ПопуларноТехнологија

Google тивко се откажа од ветувањето дека нема да користи вештачка интелигенција за развој на оружје

Гугл оваа недела го отстрани од својот сајт долгогодишното ветување дека нема да користи вештачка интелигенција за развој на оружје или системи за надзор.

Оваа драматична промена во политиката на технолошкиот гигант беше откриена откако компанијата ја ажурираше страницата со принципи за вештачка интелигенција, бришејќи цел дел со наслов „апликации што нема да ги развиваме“.

Кога медиумите побараа коментар за оваа контроверзна одлука, Гугл посочи на нов блог пост за „одговорна вештачка интелигенција“.

Во него се наведува дека „компаниите, владите и организациите кои споделуваат исти вредности треба да соработуваат за да создадат вештачка интелигенција која ги штити луѓето, промовира глобален раст и ја поддржува националната безбедност“.

Нови принципи на вештачка интелигенција

Во ажурираните принципи, Гугл нагласува дека ќе работи на „ублажување на несаканите или штетни исходи и избегнување на неправедна пристрасност“. Компанијата исто така посочува дека ќе ги почитува „широко прифатените принципи на меѓународното право и човековите права“.

Контроверзи и внатрешни протести

Договорите на Google за обезбедување cloud услуги на американската и израелската војска предизвикаа протести меѓу вработените во претходните години. Иако компанијата тврдеше дека нивната вештачка интелигенција не се користи за да им наштети на луѓето, шефот на секторот за вештачка интелигенција во Пентагон неодамна откри дека моделите на вештачка интелигенција на одредени компании го забрзуваат воениот „синџир на убиства“ на американската војска.