Хороскоп

Баба Ванѓа тврдела дека овие 4 хороскопски знаци поседуваат посебни моќи што никој друг ги нема

Дали сте меѓу нив?

Баба Ванѓа, една од најпознатите пророчки личности на 20. век, верувала дека четири хороскопски знаци се раѓаат со посебен дар – способност за екстрасензорно восприемање.

Овие четири знаци имаат изразена интуиција, можат да имаат пророчки соништа и лесно да ја предвидат иднината. Кај многумина овие способности се „заспани“, но лесно можат да се разбудат и развијат.

Според хороскопот на Баба Ванѓа, овие четири знаци имаат дар од космосот – посебни способности што ги издвојуваат од другите.

Овен

Иако понекогаш изгледа дека Универзумот му помага на упорниот и тврдоглав Овен, Баба Ванѓа верувала дека припадниците на овој знак имаат посебен дар за визуализација. Сè што треба да направат е да посакаат нешто, активно да си ја замислат својата желба – и таа ќе се оствари, сè додека е во рамки на реалното.

Оваа способност, според Ванѓа, е многу корисна. Таа сметала дека Овните треба почесто да се ангажираат во безусловна помош на другите – тогаш нивниот дар уште повеќе се засилува и носи добри резултати, пренесува порталот „Dzen.ru“.

Девица

Ванѓа сметала дека токму кај Девиците најчесто се раѓаат уникатни, надарени луѓе. Овој знак има исклучителна способност да ги почувствува другите, поседува дар за емпатија и знае како да го искористи тоа во вистинска насока. Затоа, секој треба да има барем една Девица како пријател.

Таа особено ги ценела Девиците, верувајќи дека тие се хармонични и совршени, и психички и духовно. За Ванѓа, Девицата и совршенството биле речиси синоними, бидејќи сè што ќе започне овој прагматичен знак – стреми да го доведе до совршенство.

Стрелец

Љубезните и комуникативни Стрелци делуваат како вистински ангели-чувари за своите блиски – лекуваат со зборови, даваат мудри совети, објаснуваат чудни соништа и ја предвидуваат иднината. Многумина од нив ги читаат судбините на луѓето како отворена книга.

За разлика од другите, Стрелците не мора да вложуваат посебен напор за да го развијат својот дар – тој е изразен уште од детството.

Водолија

За Водолиите често се вели дека се луѓе на иднината, луѓе што се пред своето време. Тие имаат изразена интуиција и лесно можат да предвидат што ќе се случи – понекогаш само преку разум и логика, а понекогаш преку интуитивни претчувства.

Може да им се случат пророчки соништа или визии, а често се занимаваат со професии поврзани со исцелување, иновации или создавање на нови светови – како пишување научна фантастика или креација на видеоигри.

Со леснотија можат да „видат“ во иднината, односно да замислат како би изгледал светот – нешто што често останува неразбирливо за нивните современици.