Кој ќе ги наследи милионите на Вал Килмер: По ненадејната смрт на актерот сите се прашуваат што ќе биде со парите
Актерот долги години се борел и со ракот на грлото, што му оставило сериозни последици
Актерот Вал Килмер почина на 1 април, а деновите по неговата шокантна и ненадејна смрт, јавноста шпекулираше за него, неговото семејство и неговото наследство.Сега под знак прашалник е кој ќе го наследи неговото богатство. Мерцедес и Џек се очекува да го наследат богатството на нивниот татко, кое се проценува на помеѓу 10 и 25 милиони долари по неговата смрт, според “Celebrity Net Worth”.

Неговата улога во хит филмот „Топ Ган“ го катапултираше до ѕвезда и стана еден од најплатените актери во 1990-тите, заработувајќи импресивни хонорари. За улогата на Бетмен во филмот „Бетмен засекогаш“ во 1995 година, тој заработи 7 милиони долари, две години подоцна заработи 7 милиони долари за филмот „Светецот“ и уште 6 милиони долари за „Островот на доктор Моро“. Најголема заработка му донесе филмот ‘На прв поглед’ за кој заработи 9 милиони долари.
Актерот долги години се борел и со ракот на грлото, што му оставило сериозни последици. Според TMZ, актерот често губел енергија поради третманот на кој бил подложен.
Извори изјавија дека Килмер бил врзан за кревет со години пред неговата смрт, а неговото здравје се влошило минатата недела. Иако бил излечен од ракот, бил изнемоштен и многу слаб поради тешката болест. Актерот на почетокот на годинава заврши во болница, но не се знае зошто. Тој беше во болница неколку дена пред смртта, а семејството ги помина последните моменти со него.