Лесно го губат трпението: Хороскопски знаци кои не поднесуваат чекање
Чекањето е предизвик за многу луѓе, но за некои хороскопски знаци е вистински кошмар. Додека некои знаци можат трпеливо да чекаат со часови, други стануваат нетрпеливи по само неколку минути. Астрологијата може да ни открие кои знаци едноставно не поднесуваат чекање и зошто се толку нетрпеливи.
Овен
Овенот е огнен знак познат по својата енергија, решителност и импулсивност. Кога Овенот сака нешто, го сака веднаш. Без разлика дали стои во редот во самопослуга, чека одговор на СМС порака или бавна услуга во ресторан, Овенот брзо го губи трпението. Нивната потреба за акција и брзи резултати често ги принудува да најдат алтернативни решенија или едноставно да се откажат ако чекањето стане неподносливо.
Близнаци
Близнаците се знак кој сака разновидност и постојана стимулација. Чекањето за нив е досада, а досадата е нивниот најголем непријател. Во редици или во ситуации кога треба да чекаат, Близнаците постојано ќе се префрлаат од едно на друго, барајќи начин да го помине времето. Ако немаат што да ги окупира, стануваат нервозни и нетрпеливи.

Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и очекуваат работите да тргнат по својот пат. Кога се принудени да чекаат, тие се чувствуваат како да ја губат својата моќ. Нивната нетрпеливост произлегува од чувството дека времето што го поминуваат чекајќи не се користи доволно добро. Лавовите сакаат брзина и ефикасност, а кога треба да чекаат, брзо го губат трпението.