Од мува до слон: Хороскопски знаци кои имаат тенденција да драматизираат
Некои луѓе секогаш остануваат смирени, без разлика на околностите, додека други секоја ситница ја претвораат во вистинска драма. Ако некогаш сте добиле впечаток дека некој од вашите пријатели преувеличува со некој проблем, можно е зад тоа да стои нивниот хороскопски знак.
Астрологијата не мора да биде одлучувачка, но интересно е да се види кои знаци од Зодијакот имаат тенденција да драматизираат, претерано да реагираат емотивно и да создаваат напнатост, дури и кога тоа не е објективно неопходно.
Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а понекогаш се чини дека токму поради тоа создаваат ситуации кои ќе им го овозможат тоа. Кога нешто не оди како што замислиле, тие брзо можат да станат гласни, театрални и емотивни. Не им е тешко да плачат, да го кренат гласот или дури драматично да ја напуштат просторијата, се за да нагласат колку нешто ги повредило или разочарало.
Нивните реакции често доаѓаат од потребата да бидат забележани. Зад нивната драматизација се крие чувствително срце кое само сака признание и љубов. Но, штом Лавовите ќе привлечат внимание, знаат многу брзо да се смират, како ништо да не се случило.

Рак
Раковите се знак чие цело битие е проткаено со емоции. Нивната способност длабоко да почувствуваат сè околу нив често ги наведува да реагираат поинтензивно отколку што бара ситуацијата. Ако им кажете нешто без размислување, можеби ќе ги повредите повеќе отколку што сте мислеле, а тие нема да го кријат тоа.
Раковите ќе се повлечат, ќе плачат, ќе го преиспитуваат секој ваш збор, а потоа ќе ве потсетат на ситуацијата неколку недели откако ќе помине. Нивната драма не е насочена кон надвор како онаа на Лавот, туку повеќе навнатре, но сепак е јасно присутна. Нивните реакции често произлегуваат од несигурноста.
Шкорпија
Шкорпиите можеби не се гласни како Лавовите, ниту ранливи како Раковите, но нивната драма доаѓа од длабоката страст што ја чувствуваат за сè што прават. Кога некој ги изневерува, повреди или измами, нема средина. Или се целосно лојални или тотално ќе ве одбијат. Сè што се случува тие го доживуваат речиси фаталистички.
Шкорпиите можат да бидат пасивно-агресивни, да паметат навреда со месеци или да си направат цел заговор во главата, дури и ако сте доцнеле само пет минути на кафе. Нивните реакции не се секогаш видливи на прв поглед, но внатре, Шкорпиите доживуваат вистински емотивен хаос.
Риба
Кога Рибите доживуваат разочарување, чувството на тага и болка што го покажуваат е речиси поетско. Рибите се исклучително сочувствителни, но понекогаш нивната чувствителност може да ја премине границата на реалноста. Мало несогласување може да прерасне во чувство на целосно отфрлање, а неуспехот во секојдневниот живот може да се претвори во егзистенцијална криза.
Тие имаат тенденција да гледаат длабоко значење во сè, дури и кога нема. Нивната драматизација често се поврзува со нивната богата имагинација и тенденција да ги идеализираат другите. Кога реалноста не ги исполнува нивните очекувања, Рибите се повлекуваат во својот свет на тага, песна и носталгија, каде што можат да останат долго време.