Сè земаат во свои раце: Овие хороскопски знаци ништо не препуштаат на судбината
Некои луѓе веруваат дека сè ќе си дојде на свое место – дека универзумот ќе им донесе вистински момент, вистинска личност или решение. Но, овие хороскопски знаци не спаѓаат во таа категорија. За нив, чекањето е пасивност, а пасивноста – губење на контрола. Кога нешто посакуваат, не чекаат знаци ниту бараат одобрување. Преземаат иницијатива, планираат, дејствуваат и не се откажуваат. Во нивната верзија на хороскопот нема место за реченицата „што биде, нека биде“. Ќе биде онака како што тие го замислиле. И организирале.
Овен
Овните не веруваат во седење и размислување за можностите. Кога сакаат нешто, тргнуваат по тоа побрзо од првото утринско кафе на празен стомак. Нема простор за „ќе видиме“, сè мора да се случи веднаш. Ако треба да се пробие ѕид – ќе го пробијат. Ако треба да се преговара – ќе го сторат тоа без да трепнат.
Јарец
Јарците не чекаат соништата сами да им се остварат – тие ги претвораат во деловен план. Прецизни се, фокусирани и секогаш три чекори пред сите други. Додека некој се мисли дали да испрати биографија или да чека „вистинска прилика“, Јарецот веќе има закажано интервју и ја има проучено компанијата до последната цифра во финансискиот извештај.
Девица
Девиците ништо не оставаат на случајноста. Судбината можеби има некаков план, но Девицата има три побезбедни. Нивниот ум постојано анализира, планира и оптимизира. Ако нешто тргне наопаку, нема да се жалат – ќе отворат нова табела, ќе ги поправат грешките и ќе почнат одново. И тоа – подобро.
Шкорпија
Шкорпиите не ѝ препуштаат на судбината ни сопствените соништа, а камоли целиот живот. Сè што им е важно – љубовта, кариерата, угледот – е под нивно будно око. Ако сакаат нешто, ќе стигнат до него полека, мудро и упорно. Судбината може само да гледа и да учи. И не се обидувајте да им застанете на пат – веќе ја имаат предвидено и таа опција.
Лав
Лавовите не чекаат среќата да им се случи. Тие сами ја создаваат – и се грижат сите да дознаат за тоа. Ако сакаат промена, нема да чекаат дозвола. Ќе влезат, ќе го презентираат својот план и ќе ги освојат сите во просторијата. Ако нешто тргне наопаку, ќе се исправат со драматичен ефект. Зашто Лавот не губи – тој само има пауза меѓу два триумфа.