Храна и Здравје

Ако сакате да го спасите срцето, престанете да ги јадете овие намирници

Здравјето на срцето е клучно за целокупната благосостојба, а кога станува збор за одржување на кардиоваскуларниот систем во добра форма, здравата исхрана за срцето е еден од најважните фактори.

Добрата вест е дека има многу вкусни и хранливи намирници кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања и да ни помогнат да живееме поздрав и подобар живот.

Сепак, постојат и многу популарни опции кои имаат спротивен ефект – можат да ги затнат артериите и на тој начин да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни проблеми, вклучително и мозочен удар.

Значи, кои се некои од најлошите опции што треба да ги избегнуваме – или барем да ги консумираме умерено?

Нутриционистите предупредија на следните четири видови храна кои потенцијално ги затнуваат артериите.

Крофни

Повеќето од нас сакаат крофни, но овие слатки задоволства треба да се консумираат само повремено, токму заради здравјето на артериите. Секако, понекогаш можеме да јадеме кроња, но ако често ги јадеме, тоа може да придонесе за затнати артерии и други здравствени проблеми.

„Повеќето од нив се направени од рафинирано брашно, шеќер и маснотии. Рафинираното брашно и маснотии можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта и да го зголемат ризикот од дијабетес, а самиот дијабетес е фактор на ризик за срцеви заболувања.

Сланина

Ова чадено преработено месо е исклучително високо со натриум, што може да го зголеми крвниот притисок и дополнително да го оптоварува кардиоваскуларниот систем.

„Полна со заситени масти и натриум, свинската или говедската сланина е една од најлошите намирници кои ги затнуваат артериите. Заситените масти го поттикнуваат црниот дроб да произведува повеќе холестерол, што може да доведе до атеросклероза“, вели Лиза.

Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи може да имаат големо влијание врз насобирањето наслаги во артериите.

„Иако вештачките засладувачи може да изгледаат како поздрава опција за намалување на внесот на шеќер, некои истражувања сугерираат дека тие сепак може да придонесат за кардиоваскуларни проблеми. Одредени засладувачи како аспартамот и сахаринот се поврзани со негативни ефекти врз контролата на шеќерот во крвта и метаболизмот на липидите, што на долг рок може да доведе до затнување на артериите.

Замрзнати пици

Иако вкусни, замрзнатите пици се преполни со состојки кои можат да ги затнат артериите.

„Заситените и транс мастите од сирењето и преработените додатоци како што се колбасите и саламата значително го зголемуваат нивото на ЛДЛ холестеролот („лошиот“ холестерол), кој се акумулира како наслаги на артериите“, забележува кардиологот д-р Башкр Семита.

Кога артериите се стеснуваат, протокот на крв се намалува, што дополнително го оптоварува срцето. Поздрава верзија е домашна пица на интегрално тесто, со зеленчук и малку сирење со малку маснотии.

„Додавањето лиснат зеленчук како спанаќот го зголемува внесот на влакна и помага во регулирањето на холестеролот, кој ги одржува артериите поподвижни“, заклучува кардиологот.