Ако страдате од надуеност, почнете да го пиете овој чај
Некои намирници и пијалоци можат да го зголемат ризикот од дигестивни проблеми и надуеност, додека други го прават спротивното и помагаат да се намалат овие симптоми. Разбирањето која храна може да помогне и која може да наштети е клучно за здравјето на дигестивниот систем.
„Подуеноста е начин на телото да сигнализира дека нешто не е во ред“, објаснува докторката и нутриционист д-р Индира Гисерт.
Иако зелениот чај моментално ужива во популарност поради неговите потенцијални здравствени придобивки, д-р Гисерт забележува дека не постојат магични намирници или пијалоци кои веднаш ќе ја намалат надуеноста, особено ако постои некој основен здравствен проблем.
Но, некои пијалоци, како зелениот чај, можат да помогнат.
Според диететичарот Сара Логан, зелениот чај содржи амино киселини, полифеноли и влакна, а неговиот состав може да помогне во балансирање на цревната флора, што го прави „вистинскиот пијалок за борба против надуеност“.
„Антиоксидансите во зелениот чај помагаат да се намали воспалението во цревата, додека полифенолите делуваат како пробиотици или „храна“ за добрите бактерии во цревата“, вели Логан. Исто така, катехините помагаат да се создаде подобра „микробиомска средина на цревата“, која може да помогне во управувањето со надуеноста на долг рок.
Логан продолжува да ја објаснува важноста на избалансиран цревен микробиом: „Во нашите црева живеат добри и лоши бактерии кои го сочинуваат нашиот микробиом. Зелениот чај помага да се зголеми бројот на добри бактерии и да се намали бројот на лоши, што може да ја намали надуеноста и ризикот од хронични болести“.
Истражување од 2010 година сугерира дека зелениот чај може да има диуретично дејство, помагајќи му на телото да ги исфрли вишокот вода и натриум. Исто така, студија од 2022 година сугерира дека медитеранската исхрана дополнета со зелен чај може да го подобри цревниот микробиом и да ги намали ризиците за кардиометаболни заболувања.