(Видео) Ако сакате да го намалите ризикот од рак, секојдневно јадете го овој зеленчук
Сѐ што јадеме има огромна улога во нашето општо здравје. Придржувањето до одредени диети може да го зголеми или намали ризикот од некои состојби.
Постојат дури и одредени намирници кои можат да содржат бројни здравствени предности, а докторката Пунам Десаи открила една од нив на социјалната мрежа ТикТок.
Таа го пофалила зеленчукот којшто се наоѓа во поголем дел од кујните, преполн со кверцетин кој студиите го поврзуваат со помал ризик од канцер и срцеви заболувања.
Обраќајќи им се на своите следбеници, д-р Десаи изјавила: „Јас сум доктор и редовно јадам кромид. Тој содржи едно нешто кое се нарекува кверцетин којшто му дава моќни антиоксидантски и антифламаторни својства“.
Студиите покажале дека антиоксидантите во кверцетинот можат да ги отстранат штетните хемикалии наречени слободни радикали од нашето тело.
Тие можат да ја оштетат клеточната мембрана и да ги убијат клетките. Исто така можат да помогнат во намалување на отоците, ги убиваат клетките на канцерот, го контролираат шеќерот во крвта и помагаат во запирање на срцевите болести.
„Кверцетинот може да ја забави прогресијата на канцер низ различни механизми, вклучувајќи и намалување на мутираните p53 протеини, запирање во G1 фазата, инхибиција на тирозин киназа и намалување на преживување на клетките, полиферанција на протеини и антиапоптотички протеини. Концептот кверцетин како соединенија против канцер исто така е поткрепен со разни студии“, вели докторката.
Истражување од 2023 година ги потврдува овие изјави на докторката.
„Кверцетинот има истакната медицинска вредност кај кардиоваскуларните болести како што се антиоксидација, намалување на фиброзата, подобрување на ремоделирање на коморите и срцевата функција, заштита на васкуларниот ендотел, срцеви инсуфиненции, превенција на исхемиски реперфузиски повреди и регулирање на крвниот притисок“, пишува во студијата.
Меѓутоа, д-р Десаи спомнува дека здравствените предности на кромидот зависат и од видот којшто го јадеме, но и начинот на којшто го јадеме.
„Црвениот кромид содржи повеќе кверцетин отколку белиот, така што почесто го бирам него. Исто така доколку готвите со кромид, тој на тој начин го намалува нивото на кверцетин. Така што јас јадам свеж кромид за да се зголеми неговата вредност врз здравјето. Исто така, надворешните слоеви содржат повеќе кверцетин отколку внатрешните слоеви“, заклучила докторката.