(ВИДЕО) Доктор Драган изнесува теорија за долговечност: Со оваа навика ќе си го продолжите животот, а не е тешко
Доктор Драган Стојиќевиќ, специјалист по хирургија, претстави интересна теорија за долговечноста на Тик Ток.
Во објавеното видео д-р Драган Стојиќевиќ ја презентираше теоријата на Дејвид Синклер, познат научник од Медицинскиот факултет Харвард.
„Дејвид Синклер, научник од Америка покажа дека постои врска помеѓу хормоните на гладот и одредени гени кои се важни за долговечноста на нашиот организам наречени сиртуини. И ова е многу интересна теорија кога ќе размислите за тоа и има смисла бидејќи најдолговечните луѓе на нашата планета се секогаш луѓе кои не јаделе големи количини храна, кои се грижеле за својата исхрана“, рече тој.
Како што објаснуваше, Синклер во својата пракса го вклучил наизменичното постење или автофагија.
„Тој едноставно не јадел до 6-7 попладне и потоа јадел 1-2 оброци на ден и секако се грижел за тоа што го консумира“, вели д-р Драган Стојиќевиќ.