Дали црвеното вино е навистина толку здраво како што мислите?
Црвеното вино, како една од основните намирници препорачани од експертите кога станува збор за здравата медитеранска исхрана, би можело да стане минато.
Црвено вино – здраво или не?
Заедно со рибата, маслиновото масло и свежи состојки, црвеното вино во умерени количини отсекогаш се сметало за една од причините за подолг животен век на јужноевропејците, бидејќи соединенијата кои се наоѓаат во лушпата од грозје можат да помогнат во заштитата од разни болести како што се срцеви заболувања, рак и деменција.
Една или две чаши црвено вино дневно е една од основните препораки на медитеранската исхрана. Но, некои истражувања сугерираат дека не постои „безбедна количина“ на алкохол за консумирање и дека целосната апстиненција е најдобра, пишува „Дејли мејл“.

Европскиот совет за истражување финансира четиригодишна студија во која учествуваат 10.000 Шпанци за да се види како умереното консумирање вино влијае на здравствените проблеми како што се срцевите заболувања, ракот и дијабетесот.
Студијата покажа дека може да го зголеми ризикот од рак на дојка. Некои студии покажуваат дека алкохолот може да биде токсичен за невроните, што според Мартинез-Гонзалес значи дека алкохолот е токсичен ако се консумира во големи количини. Тој додава дека сите помлади треба да го исфрлат црвеното вино од исхраната.
Сепак, неговото претходно истражување сугерира дека исклучувањето на црвеното вино би ја намалило ефикасноста на диетата, но тој сè уште стравува дека тоа ги охрабрува луѓето да пијат прекумерно.