Децата кои ја јадат оваа храна се попаметни: Богата е со витамини и минерали кои се клучни за развојот, еве каде ги има најмногу
Најважна е храната богата со омега-3 масни киселини, фолна киселина, железо, јод, цинк, холин и витамини А, Б12 и Д
Исхраната во детството има долгорочно влијание врз развојот на интелигенцијата, а одредени намирници помагаат за подобрување на меморијата и концентрацијата.
Генетиката не е единствениот фактор кој влијае на менталните способности на децата. Верувале или не, исхраната во детството може значително да влијае на развојот на интелигенцијата. Некои намирници се побогати со хранливи материи од другите и помагаат во развојот на мозочните клетки, како и во подобрување на меморијата и концентрацијата.
Најважна е храната богата со омега-3 масни киселини, фолати, железо, јод, цинк, холин и витамини А, Б12 и Д.
Др. Ума Наиду, нутриционист од Харвард и експерт за мозок, сподели со CNBC неколку намирници кои можат да им помогнат на децата да останат фокусирани.

Смути
Смути е одличен начин да се вклучат здрави хранливи материи во исхраната на вашето дете. Во смутито можете да додадете спанаќ, кој е богат со фолати и влакна, додека чиа семето или оревите ќе обезбедат омега-3 масни киселини, влакна и протеини. Можете да го подобрите вкусот со додавање боровинки богати со антиоксиданси, додека обичниот, незасладен јогурт ќе му даде на смутито кремаста текстура и ќе обезбеди доза на пробиотици здрави за цревата.
Крцкав зеленчук
На сите ни е позната нутритивната супериорност на зелениот зеленчук. Богат е со железо, калциум, влакна, витамин Ц, омега-3 масни киселини и фолна киселина. Но, како можете да им помогнете на малите да уживаат во малку предизвикувачкиот вкус на спанаќ, зелка, кељ, брокула и раста? Одговорот е: Започнете рано и не се откажувајте! Децата обично не сакаат варен зеленчук, па затоа е подобро да се подготвуваат во рерна. Така ќе биде крцкаво и сочно.
Хумус
Мешунките се богати со железо, цинк, протеини и растителни влакна. Сето горенаведено е неопходно за развој на мозокот. Ако вашето дете не сака да јаде мешунки, можете да ги претворите во хумус, кој одлично оди со бисквити, домати, краставици, моркови или парчиња јаболка.
Јајца
Јајцата се одличен извор на витамини А, Д и Б12, како и холин. Докажано е дека холинот го подобрува развојот на мозокот и долгорочната меморија. Јајцата се исто така се богати со омега-3 масни киселини и витамин Е.
Лосос
Рибата е одличен извор на DHA, која припаѓа на фамилијата на есенцијални масни киселини омега-3 и има корисен ефект врз развојот на мозокот. Поради својот благ вкус, лососот е одличен избор за мали деца. Тој е одличен извор на витамин Б12 и омега-3 масни киселини, кои го поттикнуваат развојот на мозокот и подобро расположение.