ПопуларноХрана и Здравје

Докторка посочи три симптоми на срцеви заболувања – не ги занемарувајте!

Помислата на срцев удар може да биде застрашувачка, особено кога ќе сфатиме дека некои фактори на ризик можат да останат незабележани или да се игнорираат како нешто безопасно.

Иако симптомите како што се болка во градите, отежнато дишење или неправилен ритам на срцето се добро познати, постојат и посуптилни знаци што можат да укажат на срцеви проблеми.

Според зборовите на д-р Бавини Шах, игнорирањето на овие знаци може да го зголеми ризикот од срцев удар.

Задебелени прсти на рацете, нокти или прсти на нозете

Ако забележиме дека прстите или ноктите ни се задебелени и благо деформирани, тоа може да биде знак на сериозен срцев проблем.

„Задебелувањето на прстите може да укажува на низок ниво на кислород во крвта, што може да го зголеми ризикот од срцев удар,“ предупредува Кливлендската клиника.

Овие нокти може да добијат облик на лажичка, да изгледаат отечено или едноставно променето.

Бидејќи овој симптом може да биде поврзан и со белодробни заболувања, се препорачува консултација со лекар за да се утврди точната причина.

Наслаги околу рожницата на окото

Појавата на сивкаст или синкасст прстен околу ирисот, позната како arcus senilis, може да биде ран знак на висок холестерол, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

„Овие прстени најчесто се состојат од липиди и, иако не влијаат на видот, можат да сигнализираат зголемени масти во крвта,“ според Американската академија за офталмологија.

Доколку забележиме вакви промени во очите, препорачливо е да го провериме нивото на холестерол за навреме да спречиме можни компликации.

Отоци на нозете и стапалата

Отоците на нозете и стапалата може да бидат знак на едем – задржување на течности во долните екстремитети, предизвикано од слабата работа на срцето.

„Кога срцето не ја пумпа крвта доволно ефикасно, доаѓа до задржување на течности во телото, што може да предизвика отекување,“ објаснува д-р Шах.

Освен тоа, одредена храна може да го влоши овој проблем, па затоа лекарите често препорачуваат исхрана здрава за срцето.

Според Кливлендската клиника, во потешки случаи може да се појави отекување и на рацете, стомакот и дланките, што бара итна медицинска помош.

Раното препознавање е клучно

Препознавањето на овие знаци може да биде клучно за рано откривање на срцевите проблеми. Доколку забележиме било кој од нив, не смееме да ги игнорираме, бидејќи навремената реакција значително го намалува ризикот од сериозни срцеви компликации.