Храна и Здравје

ДОМАШЕН МАЈОНЕЗ: Поздрав и повкусен од купечкиот – подготвен за само половина минута

Совршен додаток што ќе го збогати вкусот на секое јадење.

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 200 мл сончогледово масло
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица сок од лимон

Подготовка:

Ставете го маслото во замрзнувач на 20 минути. Користете ги сите состојки директно од фрижидер.

Во висок сад ставете ги јајцето, сенфот, солта, маслото и лимоновиот сок. Ставете го блендерот на дното од садот и блендирајте 5 секунди без да го движите. Потоа полека движете го горе-долу и мешајте уште околу 25 секунди.

Ставете го мајонезот во фрижидер и искористете го во рок од 5 дена.