ПопуларноХрана и Здравје

Домашни кифли со сирење без квасец: Толку сочни што се топат во уста!

Ќе уживате во секој залак, а за подготовка е потребно помалку од половина час.

Кифличките се идеални за појадок, ручек или кој било оброк во денот. Сочното тесто исполнето со сирење предизвикува насмевка на лицата на многу луѓе поради полнотата на вкусот.

Подготовката трае 5 минути, додека се печат уште 15 минути, што значи дека за 20 минути имате навистина префинети бесквасни кифлички. Ви пренесуваме едноставен рецепт за кифлички со сирење без квасец.

Состојки:

300 гр обично брашно
половина пакет прашок за пециво
5 гр сол
80 гр стопен путер
чаша јогурт (180гр) може да биде цврста или течна, не е важно
жолчка од јајце за премачкување
сусам за посипување200 грама ситно сирење

Подготовка:

Додадете прашок за пециво и сол во брашното и добро измешајте. Сега додадете растопен путер и јогурт и замесете тесто. Веднаш расукајте во круг за кифлички со дебелина од околу 4-5 милиметри, па исечете ги формите на кифличките
Наполнете ги со ситно сирење. Намачкајте со жолчка од јајце и посипете со сусам. Печете веднаш 15 минути на 200 C и послужете.