Еве што не треба да консумирате после 50-тата година за да останете во добро здравје
Кога ќе дојдеме во одредени години во животот, сфаќаме дека здравјето е најважно и дека мораме да го сочуваме.
Експертите од полето на исхраната сметаат дека овие шест намирници се исклучително нездрави и дека треба да ги исфрлиме од исхраната откако ќе наполниме 50 години.
Пржена храна
Храната која е пржена во длабоко масло го удвојува бројот на калории. Наместо пржена, храната најдобро е да ја варите.
Засладени пијалаци
После 50-тата година треба да се откажете од сите скриени шеќери во храната, а особено од засладените пијалаци. Најдобро е да пиете само свежа вода и чај, но без шеќер и мед.
Готова храна со скриени шеќери
Доколку сте во можност, подгответе си сами ручек. Избегнувајте купени готови јадења кои треба само да ги згреете.
Храна богата со скриени соли
Во овој вид на храна спаѓа пица, супи од ќесичка и конзервирана храна.
Индустриска храна
Полуготови колачи, смеса за колачи, грицки, замрзнати пијалаци, кифлички. Трудете се оваа храна да ја исфрлите од исхраната.
Алкохол
Трудете се алкохолот да го сведете на минимум. Една чаша вино нема да ви наштети, но само да знаете кога е време да престанете со пиење алкохол.