Храна и Здравје

Едноставен и вкусен рецепт за подварок со месо

Штом започна сезоната на кисела зелка тука е и подварокот, кралот на зимската трпеза којшто воодушевува со едноставната подготовка и својот вкус.

Подварокот може да се подготви на повеќе начини, со пилешко или суво месо.

Денес ќе ви пренесеме рецепт за подварок со суво месо.

Состојки:

– кисела зелка;
– суво месо;
– главица кромид;
– бибер;
– сушена црвена пиперка;
– зачини;
– масло за јадење.

Подготовка:

Во поголем сад ставете вода, оставете го сувото месо неколку минути нека зоврие. Во сад ставете масло, ситно исечкајте го кромидот. Зелката добро измијте ја со вода доколку е солена. Во садот со кромид додадете ја зелката, биберот, пиперката и месото, додадете вода само колку зелката да се покрие.

Динстувајте на пониска температура околу 1 час. Смесата префрлете ја во тепсија и ставете ја во загреана рерна на 180 степени Целзиусови да се запече.

Напишете коментар