Едноставни и здрави мафини за вашите деца!
Овој рецепт за мафини не само што може да биде и во блага и во солена варијанта, туку е и преедноставно за подготвување.
Состојки:
- 300 грама брашно
- 50 грама шекер
- 1 лажичка сода бикарбона
- Половина лажичка сол
- 150ml млеко
- Пола шоља масло од авокадо
- 1 јајце
Блага Варијанта
- Џем од кики-рики (по 1 лажичка за секој мафин)
- Џем од јагоди (по 1 лажичка за секој мафин)
Солена Варијанта
- Рендана тиква (по 1 лажичка за секој мафин)
- Рендан кашкавал (по 1 лажичка за секој мафин)
Подготовка
- Загрејта ја рерната на 190 степени и наредете калап за мафини со хартивчињата за мафините
- Во поголем сад, помешајте го брашното, шекерот, сода бикарбона и солта
- Во друг поголем сад, помешајте го млекото, јогуртот, маслото и јајцата
- Помешајте ги двете смеси со дрвена лажица или гумена спатула и мешајте се додека не се соединат. Не мешајте премногу!
- Поделете ја подеднакво смесата во калапот, додадете си ја благата или солената варијанта од горе. Искористете нож, чечкалица или мала лажичка за да ги соедините состојките.
- Печете ги мафините 20-22 минути или се додека мафините не добијат златеникава боја или па прободете ги мафините со чечкалица и ако искочи чечкалицата, готови се!
Се што останува после тоа е да уживате во мафините со вашите деца и да не мислите што да се спрема за доручек веднаш штом се разбудите!