Храна и Здравје

Зачинетата храна би можела да биде причина за лошите „перформанси“ во кревет

Колку почесто јадете зачинета храна, толку е поголема веројатноста за еректилна дисфункција. Се проценува дека повеќе од половина од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години имаат некаква форма на еректилна дисфункција

Новото истражување покажа дека конзумирањето на зачинета храна може негативно да влијае на „перформансите“ на мажот во спалната соба. Студијата покажа дека мажите кои јадат зачинета храна три или повеќе пати неделно имаат речиси три пати поголеми шанси да се соочат со еректилни проблеми, пишува “Daily Mail“.

Истражувачите од Одделот за урологија на Универзитетот во Јужна Кина велат дека студијата сугерира дека редовното консумирање на зачинета храна може да го зголеми ризикот од еректилна дисфункција, особено кај мажите кои не пушат.

Колку почесто јадат зачинета храна, толку е поголема веројатноста за еректилна дисфункција. Се проценува дека повеќе од половина од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години имаат некаква форма на еректилна дисфункција, а причините можат да бидат различни.