За овој домашен сладолед ви требаат само три состојки, а готов е за само неколку минути
Пристигнаа топлите денови, а со нив и потребата да се освежиме на најразлични начини… Во оваа смисла, сладоледот е сè уште неприкосновен и поради оваа причина, денес ви носиме одличен едноставен рецепт за овој деликатес кој ќе го обожавате!
Следните неколку месеци сладоледот ќе биде на менито на многумина од нас речиси секој ден, а мораме да признаеме дека со нетрпение го очекуваме. Иако, како и секоја година, овој десерт ќе го бараме во продавниците и блиските слаткарници, ова лето ќе се пробаме и во правењето сладолед дома.
Правењето домашен сладолед, иако можеби звучи „застрашувачки“, всушност не е воопшто комплицирано и дава одлични резултати. За многу верзии на домашен сладолед, вклучително и оваа што ја пренесуваме подолу, не ви треба ништо повеќе од само три состојки, па дури ни машина за сладолед, која повеќето од нас ја немаат ниту дома.
Домашен сладолед од три состојки
- 200 гр засладено кондензирано млеко
- 600 мл шлаг
- 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во поголем сад и се матат со миксер додека не се добие густа и цврста смеса (За ова ќе бидат потребни околу 10 минути).
Добиената смеса истурете ја во плиток метален сад (на пр. метална тава за леб), покријте ја со фолија и ставете ја во замрзнувач неколку часа, или по можност преку ноќ.
Послужете со додаток по ваш избор и уживајте во овој едноставен, но неодолив деликатес!