Храна и Здравје

Кога не сакате чипс, ама сакате чипс

Сите сакаме да јадаме поздраво, некој поради вистински здравствен проблем, некој поради интернет трендови или нешто друго.

Во која група и да влегувате, чипсот секако е за избегнување, или па кај најмалку што можете да направите е да не го консумирате секојдневно и во големи колични

Сепак, можете да си направите домашен. Имате во приложеното видео како, ама ние пак ќе си напишеме.

Потребни состојки:

-Компири

-Пармезан

Подготовка:

Ги сецкате компирите тенко на кругчиња, па ги варите неколку минути. На хартија за печење ставате рендан пармезан, а над него ги ставате компирите и гледате да не ви се едни преку други.

Потоа додавате зачини како црвен пипер, лук во прав (а веројатно и секој зачин што вам ви се допаѓа) и печете додека не станат крцкави.

Уживајте!

@hungryhappens

Crispy Parmesan Potato Chips (full recipe is on my site: HungryHappens.Net)

♬ original sound – Stella Drivas