Кога сакате нешто благо, а немате многу време, ова е идеалното решение за вас
Сите намирници кои ви се потребни за овој неодолив рецепт, веројатно веќе ги имате дома.
Состојки:
- 100 грама мелена плазма;
- 30 грама какао;
- 4 децилитри ладно млеко;
- 1 лажица слатка павлака (течна, нематена);
- Чоколаден прелив.
Подготовка:
- Плазмата, млекото, какаото и слатката павлака ставете ги во блендер и добро соединете ги.
- На краевите од чашата ставете чоколаден прелив.
- Ставете го шејкот во чашата и украсете со шлаг.
На крај ви останува само да уживате во ова прекрасно и слатко задоволство.