Копаоничка пита: Вкусниот фил е вистинска рапсодија на вкусови
Најдобрата копаоничка пита што ќе ја пробате, подготвена е со боровинки и има совршен вкус, ќе им се допадне на сите.
Состојки:
1 пакување кори
4 кесички ванилин шеќер
3 dl масло
200 гр мелени ореви
850 гр боровинки
3 лажици презла
1 dl павлака
1/2 лажичка цимет
3 жолчки
За посипување:
4 лажици шеќер во прав
Подготовка:
Три кори премачкајте ги со масло, а на третата кора рамномерно распоредете ги мелените ореви и боровинки кои претходно ги посипавте со шеќер. Потоа истурете презла, ванилин-шеќер и извртете ја питата. Така направете 3 штрудли и печете на 180 степени околу 40 минути. Потоа секоја штрудла премачкајте ја со мешавина од павлака, жолчки и цимет. Вратете ја во рерна да се пече околу 15 минути. Пред сервирање, посипете ја питата со шеќер во прав.