Храна и Здравје

Крекери со сирење! Брза закуска која лесно се прави

Поздрава верзија на вашата омилена закуска, ќе бидете воодушевени.

Потребно е:

240 гр брашно
3 чешниња лук
60 гр пармезан сирење
120 гр меко сирење
6 супени лажици путер
4 супени лажици вода
половина лажичка сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во блендер изблендирајте ги брашното, солта, лукот и пармезанот. Потоа додадете сирење и путер и повторно измешајте. Обликувајте ролат, па завиткајте во фолија и оставете да отстои еден час во фрижидер. Потоа тестото исечете го на прстени, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете 10 до 12 минути, во рерна загреана на 200 степени.