„Мажи доаѓаат кај мене за да го зголемат половиот орган, а кога ќе слушнат што треба да прават им се лоши“. Хирургот ги откри деталите од процесот
Доктор Разван Василас, кој е познат како „доктор ботокс“, отвори клиника за зголемување на машкиот полов орган.И додека многумина мислат дека мажите се тие кои сакаат неколку сантиметри повеќе, хирургот истакнува дека жените се оние кои одлучуваат.
„Тоа се случува многу почесто. Жените генерално доаѓаат, се распрашуваат и закажуваат термин за својата сакан. Мажите се премногу срамежливи, а жените ги следат сите трендови на социјалните мрежи. На припадниците на посилниот пол генерално им е непријатно, но сфаќаат дека е подобро еднаш да се посрамотат, отколку секој пат“ изјави докторот Василас во една емисија.
„Ова станува голем проблем, но не затоа што некој има мал полов орган. Мажите кои се борат со ова вообичаено го поминуваат животот без самодоверба. Еден пациент ми кажа дека секогаш кога има секс со жена му, му станува многу непријатно, толку многу што му е тешко да го одржи односот“, вели хирургот и додаде дека и некои мажи со поголем полов орган сакаат да го зголемат дури и повеќе.
„Им велам да не го прават тоа и дека тоа не им треба, но кога ќе отидат дома и ќе размислат, ми се јавуваат за два дена. Доколку не се согласам да им го направам тоа, знам дека ќе најдат некој друг. Оваа процедура постојано им е на ум и сè што сакаат да направат е да се подложат на неа. Сепак, забораваат дека жените нема да бидат среќни доколку нивниот пенис е преголем. Не сакаат да биде огромно, бидејќи тоа не е задоволство, туку болка – вели лекарот.
Како изгледа процедурата за зголемување на половиот орган?
„Тоа е процедура која трае само околу 20 минути, безболна е и се изведува со две инјекции. Првата инјекција чини околу 1.900 евра, а втората околу 1.200. Многумина не знаат дека филерите исчезнуваат по две години. Пенисот потоа се враќа во својата нормална големина“ вели Василас.
Понатамошната нега е од најголема важност, а мажите не се свесни за откажувањето кое мора да го направат по процедурата.
„Навистина е важно да се направи последователната нега. Мора да го масирате половиот орган во текот на ноќта за да добиете убава форма. Сексот и мастурбацијата се забранети првите две недели, бидејќи тоа е времето кое е потребно за да се стврднат филерите. Нема да верувате колку се изненадени мажите кога ќе им го кажеме тоа. По процедурата многу се возбудуваат и веднаш сакаат да имаат секс, а тоа не смее да се случи“ објасни Василас.